Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари во периодов е доста активен на социјалните мрежи по повод ситуацијата со корона вирусот. Тој на ФБ напиша:
-Морав итно до ГТЦ до салон на А1, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!
Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!
Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме!
Каква е оваа вонредна состојба???
фото: ФБ