Денеска 101 нов случаи на Ковид-19

Во текот на последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 59
– Куманово 12
– Штип 7
– Прилеп 1
– Тетово 5
– Струга 6
– Велес 1
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 3
– Кочани 3
– Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17-ти мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75 години) примен на 24-ти мај, пациент од Куманово (71 години) примен на 26-ти мај и пациент од Скопје (58 години) примен на 30-ти мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.

– Тетово 8
– Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Вкупната бројка на COVID дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

фото: Архива