Др.Ненад Лазаров: Еве за ова зборувам, бројот на тестирања треба да се зголемува, а не да опаѓа, барем не сега во оваа фаза на епидемијата

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари вели дека бројот на тестирања треба да се зголемува, а не да опаѓа. Во објавата на ФБ Лазаров пишува:

-Еве за ова зборувам, бројот на тестирања треба да се зголемува, а не да опаѓа, барем не сега во оваа фаза на епидемијата.
Штом намалуваме број на тестови на смешни 150 теста на ден, намалуваме и број на новодетектирани, што не е епидемиологија туку политика.

Во услови на сумбинимално тестирање, најави за “враќање во нормален живот” , отворање локали и намалување на рестрикциите се штетни, опасни и ќе донесат жртви.
А не пак организирање избори.
Се оградувам, и како лекар и како човек.

Немам членска од Алијанса или било која партија  , ја споделувам графиката на колегите Arben Taravari и Bekim Tateshi бодејќи верувам на податоците кои се инпутирани од нив.

Сината крива е број на нови случаи, портокаловата крива е број на направени тестови за истиот ден.
Погледнете го наглиот пад на 26.04 по пикот во број на тестови на 24.04 и безмалку рамната линија потоа, преполовување…

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218626378989863&set=a.1316598394239&type=3&theater