Двајца вработени во бифето во МВР, позитивни на коронавирусот

Двајца вработени во бифето во Министерството за внатрешни работи се позитивни на коронавирусот, дознава „А1он“.

Тие последен пат на работа биле во петокот, велат вработени во МВР. Станува збор за лица кои правеле кафиња и служеле пијалаци на дел од вработените во зградата. Бифето во кое работеле е лоцирано на четвртиот кат во зграда на МВР, каде се наоѓа и канцеларијата на советникот на Наќе Чулев, за кого министерот во средата соопшти дека е заразен со вирусот. Вработените во бифето имале и контакти со лица кои биле на раководни позиции во МВР, велат извори за „А1он“.

Засега, нема информација како и дали се заразиле додека биле на работното место, како и, дали биле во контакт со советникот на Чулев додека тој одел на работа.

Текстот во целост на: А1ОН