Филипче: Кај ковид пациенти крвта може да е толку згручтена што не може да тече низ игла

Еден факт кој досега не познат за ниту една болест е тоа што кај ковид пациенти крвта може толку да е згручтена што не може да тече низ игла, изјави синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ 21 министерот Венко Филипче.

„Од друга болест не сме виделе случај крвта да не може да тече низ иглата заради тоа што е толку згрутчена. Тоа во медицината досега е невидено“, рече Филипче.