Филипче: Момци Македонци, испишувате историја! Граѓаните да слават со почитување на мерките за заштита од корона

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва им  ја честита победата на македонските фудбалски репрезентативци, упатувајќи апел до сите граѓани еуфоријата и славењето, да не бидат причина да не се почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид 19.
„Момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација.” – напиша министерот Филипче на неговиот Фејсбук профил.