Филипче: Сите пациенти од кумановската болница префрлени на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција од неговиот дом кажа дека со оглед на тоа што бројот на вработени во болницата во Куманово е намален поради што голем дел од нив се во самоизолација, сите хоспитализирани од оваа болница се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.
Филипче додаде дека во кумановската болница ќе се врши тријажа, односно проценка на здравствената состојба на пациентите, па во комуникација со директорот на Градската болница „8 Септември“, ќе се одлучува дали тие, во зависност од симптомите ќе бидат префрлени во Скопје или ќе останат да се лечат во кумановската болница.
-Станува збор за седум лица, а во кумановската болница, како што кажа Филипче, понатаму ќе се прави проценка на здравствената состојба на пациентите, па во комуникација со директорот на Градската болница „8 Септември“, ќе се одлучува дали тие, во зависност од симптомите ќе бидат префрлени во Скопје или ќе останат да се лечат во кумановската болница, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести било разговарано во однос на барањата на Кризниот штаб за прогласување на 14 дневен карантин во Куманово, но дека конечната одлука ќе биде донесена на утрешната седница на Владата.

фото: Архива