Филипче: Жената што почина во струшката болница била позитивна на коронавирус

Две жени од Струшко се двата нови смртни случаи во изминатите 24 часа како последица од компликации од корона вирусот, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.  Синоќа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починала 65-годипна жена од Лабуништа, која една недела се наоѓала на клиниката и имала претходни хронични болести: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и зголемена телесна тежина. И пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која посмртно ѝ беше земен брис, е позитивна на ковид-19, истакна министерот.

фото: Архива