Заедно со колегите на ЈЗУ „Општа Болница“ и останатите здравствени установи во општина Охрид, подготвуваме оперативен план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од интензивно лекување, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Во текот на утрешниот ден ќе Ве информираме за повеќе детали околу потребните превентивни подготовки кои ќе бидат направени, како и за планот за организирано делување согласно потребите.
❗Заедничката соработка и посветеност е клучна за поефикасно надминување на ваквите состојби, напиша градоначалникот Георгиески.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/563441697594771/?type=3&theater