И Теута Арифи заразена од корона

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека примил две дози вакцина, втората пред повеќе од еден месец.

„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и позитивна сум на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, во наредните денови ќе останам во самоизолација добивајќи ја потребната терапија“, напиша Афири на Фејсбук.