Институтот „Роберт Кох“: 98,5 проценти од починатите од ковид се невакцинирани

Германскиот институт „Роберт Кох“ за прв пат објави податоци што укажуваат дека масовната вакцинација, исто така, штити од нови соеви на коронавирусот. Досега, близу шеесет проценти од населението во Германија е целосно вакцинирано.

Од почетокот на февруари, кога започна вакцинацијата во Германија, смртта на 335 лица кои беа целосно вакцинирани е поврзана со коронавирус. Тоа е 1,5 проценти од сите смртни случаи поврзани со ковид, објави вчера Институтот „Роберт Кох“. Останатите 98,5 проценти од смртните случаи се невакцинирани.

Истражувачите се особено среќни што во последните шест месеци, од коронавирус починало само едно лице помладо од шеесет години а кое не било вакцинирано.

„ Бројките недвосмислено потврдуваат дека вакцините добро штитат – особено од тешкиот тек на болеста“, вели Карстен Валц, генерален секретар на Германското друштво за имунологија, за списанието „Шпигел“. Тоа, како што додава Валц, важи и за делта-сојот, иако со него и вакцинираните луѓе можат полесно да се заразат.

Во последниот месец, 15 проценти од симптоматските инфекции се вакцинирани, додека 85 проценти од заразените со симптоми не се вакцинирани. Меѓу оние кои завршуваат во болница, невакцинираните сочинуваат околу 92 проценти, а на одделенијата за интензивна нега и на респиратори дури 99,2 проценти од февруари до денес.