Јавни фаци ќе шират „моменти за среќа“ за да поттикнат вакцинирање против корона

Министерот Венко Филипче смета дека можеби вакцината против коронавирусот ќе стане и сезонска. Според него, кампањата „Вакцинирај сѐ“ ќе биде клучна за зголемување на свеста кај граѓаните од потребата од имунизација.

„Кампањата значи видео спотови, вклучување на видни и јавни личности од светот на културата, светот, сите кои мислиме дека имаат влијание на различни групи во општеството за да се зголеми свеста за важноста на вакцината. Ова ќе биде долготраен процес. Се зборува за трета доза вакцина, можеби ќе стане сезонска иако е рано да се каже. Потребна е честа комуникација со граѓаните за пораката која се кажува секојдневно. Ова нема да престане додека не се вакцинираме сите“, рече Филипче.