Здравствените власти во соработка со правници ја разгледуваат можноста јавно да објавуваат списоци на лица кои треба да бидат во самоизолација. Ова е поради тоа како што кажа Филипче, голем бројот граѓани одбивале да ги примат решенијата за самоизолација.
„ Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Има луѓе кои не ги примаат решенијата и од различни причини стојат зад тоа. Има луѓе кои даваат грешни адреси и телефони во анкетите во однос на контактите па инспекторите не можат да ги најдат овие лица што претставува серозен ризик. Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите, и тоа многу бргу ќе го расчистиме, е јавно да се објави список на лица кои треба да бидат во самоизолација според Законот за управна постапка. Навистина многу време се губи во нивно делење и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата кои не сакаат да излезат во пресрет и да се соработуваат со епидемиолозите и со Државниот санитарен инспекторат“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
фото: Архива