Кој потфрли во Охридската општа болница, раководството или вработените кои не почитувале наредба?

Министерството за здравство најави дека ќе изврши целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во случајот со смртта на 66-годишната пациентка од околината на Струга.

66 годишната стружанка почина вчера од коронавирус. Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на вирусот во текот на вчерашниот ден. Според информациите на Министерството за здравство, станува збор за пациентката која имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Од министерството информираа дека заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не била примена во болница.

Зет на починатата, Али Теља инаку доктор објаснува дека жената не можела да дише.

Министерството за здравство истражува и ќе се бара одговорноста кој потфрли во овој случај.

Дознаваме дека директорката на општата болница Охрид, за која денеска министерот најави дека ќе биде разрешена, во петокот издала наредба според која сите вработени во одделот за инфективни заболувања да пружат непрекината здравствена заштита во оддел за инфективни заболувања.  Во наредбата директорката уште навела дека непостапување според оваа наредба, поточно неукажување на медицинска помош од страна на здравствен работник ќе биде санкционирано според кривичниот законик на РСМ.

Ова го неметнува прашањето кој потфрли во овој случај, раководството на болницата или вработените во одделението кои одбиле да спроведат наредба?

Инаку овој случај стигна и до Основното јавно обвинителство Охрид, кои отворија предмет по допрен глас за смртта на жената на која и било дијагностицирано присуство на вирусот  COVID 19.

Кој потфрли и каде е грешката ќе се знае по истрагата. Крајниот збор ќе го кажат органите кои го истражуваат случајот.

фото: Архива