Колев: Бугарин и македонски патриот?!

Бугарин и македонски патриот?!
Возможна хипотеза, докажана со многу крв и пожртвувани човечки животи?!
Знам дека овие мои размислувања се на рамниште на општествен и политички „ерес“, кој во овие услови на напнатост помеѓу Скопје и Софија ќе бидат жигосани, избоксирани и омаловажени.
Качени на бранот на популизмот, ќе ведриме како општество во бродот на омразата, но тоа ниту ќе не направи повеќе, ниту посилни и одлучни Македонци, напиша на својот ФБ профил претседателот на ГДУ, Петар Колев.

Колев во својата објава додава:

Тоа што ние во нашето општество не знаеме, не учиме и не го одбележуваме, тоа не значи дека не се случило.
И ако нашите дедовци работеа, се бореа и умираа заедно со Јаворов, Парашкев, Цветков, Христо Чернопеев, Иван Гарванов, Атанас Бабата, Крсто Асенов, Петар Јуруков и стотици други за слободата на Македонија, што се случи со нас и нашите блиски и не толку блиски роднини во Бугарија денес и како стигнавме до тука, е прашање на кое мораме да го најдеме одговорот!
На денешен ден пред 106 години престана да чука срцето на Бугаринот и еден од најборбените и одлучни македонски патриоти, Пејо Јаворов. Тоа е поетот кој ја избра пушката и борбата за слобода на Македонија како војвода на Организацијата, пред својот лагоден живот на влијателен и популарен човек по софиските улици.
Најблискиот пријател и соработник на Гоце Делчев, многу близок пријател на Тодор Александров (кој од касата на ВМРО му исплаќа средства за да му помага, но и го снабдил индиректно со револвер за да стави крај на својот живот), Јаворов е и првиот човек кој пишува биографија за Гоце Делчев.
Десетиците писма, дружења, заеднички каузи и реални вооружени битки со вистински пушки и патрони, во кои си го чувале грбот како браќа Делчев и Јаворов, а не препукувања по медиуми, социјални мрежи и популистички реторики, се обврска за која голем дел од денешните граѓани на Македонија и Бугарија воопшто не сме и свесни и за жал е класичен пример на недостаток на колективна меморија и елементарна почит кон нашите предци.
Во секој еден момент како што е овој со Бугарија денес, секој еден од нас избира страна на која да застане. Јас одамна сум ја избрал страната на Јаворов и Делчев и покрај стотиците удари, навреди и омаловажувања.
Нели историјата ја пишуваат победниците, та така тие „победници” успешно ја „избришале“ или цензурирале ова страница од нашата историја.
Дали и ние кои и денес мислиме како Јаворов и Делчев ќе бидеме „цензурирани“ од историјата во иднина, зависи од тоа што ќе победи во оваа до голем степен „фингирана“, измислена и никому непотребна битка на лагата и омразата од една страна и вистината и желбата за пријателство и добрососедство од друга страна. Знам дека сме минорно „малцинство“ луѓето кои мислиме по вториот начин, но реалноста е таа.
Ова е писмото кое Пејо К. Јаворов му го испраќа на Т. Александров пред да се самоубие.
“Драги Тодоре,
Прости ми ти, нека ми простят и всички други, че изменям на Македония. Аз умирам тук.
Ще легна при моята мила Лора.
Целувам те, дълбоко трогнат от грижите, които положи за мене през дни на големи изпитания. Благодаря за тия деветстотин лева помощ от организацията, без които отдавна бих умрял от глад, наместо от куршум, както ми приляга.
Кажи на Македония, когато отидеш там, че нейният син (аз се считам за неин) умря в свободна България, увенчан с една най-мръсна клевета. И когато тя бъде свободна, нека един другар дойде на гроба ми и каже: “Поздрав от нашата майка мъченица – тя вече е щастлива!”
Предай моите сърдечни поздрави на домашните си!
Горещо стискам ръцете на Христо Матов и Хр. Татарчев и Ал. Протогеров.
Целувам те. Сбогом
Твоя Пейо”