Корона вирусот мутира, засега има осум типа кои кружат на планетава

Новиот коронавирус мутира како и останатите вируси и засега има осум типа кои кружат на планетава, тврдат експертите, а добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, вели Тревор Бедфорд, чиј портал NextStrain го следи геномот на вирусот со помош на примероци од целиот свет.

Експертите го секвенционираат геномот на коронавирусот и откриваат видови што се појавиле, откако вирусот минатата година прв пат премина од животните на човекот во кинескиот град Вухан.

Нивните трудови покажуваат дека висурот мигрира и се дели во слични, но и во нови поттипови, пишува американското списание „Ју-ес-еј тудеј“.

„На прашањето дали вирусот генетски се менува, одговорот е апсолутно да. Прашање е дали се случила некоја промена која ја одредува насоката на движење на болеста или преносот или другите работи што се важни за луѓето,“ вели епидемиологот од „Харвард“, Марк Липсич.

Новите типови се незначително променети и нема разлика во смртноста, истакнуваат експертите.

„Вообичаената стапка на мутирање (околу две месечно) е сосем вообичаена за вирусите. Грипот обично има ист број мутации, понекогаш и повеќе,“ истакна Бредфорд.

извор: Макфакс