Костадинов: Го разбирам притисокот – обезбедено е ново амбулантно возило за Струмица

По повлекувањето на статусот за донации за амбулантно возило во Струица, со Фејсбук статус се јави пратеникот Костадин Костадинов. Тој пишува дека е обезбедено возило за струица и ќе пристигне до крајот на годинава.

„Го разбирам притисокот кај здравствените работници.Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница“, пишува Костадинов на Фејсбук.