Летовите од охридскиот по полноќ се пренасочуваат на скопскиот аеродром

Аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле, почнувајќи вечерва од полноќ, ќе биде затворен, согласно одлуката на Владата, а со цел заштита и превенција од коронавирусот.

„Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека сите патници треба да ги контактираат нивните авиокомпании во врска летовите кои требало да се реализираат од охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

Виена – 7 часот и 50 минути -Визер

Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс

Малме – 17 часот и 35 минути – Визер

Базел –  18 часот и 30 минути – Визер