Научниците ширум светот развиваат повеќе од 165 вакцини против коронавирусот и 27 од нив веќе се тестираат на луѓе

Научниците ширум светот развиваат повеќе од 165 вакцини против коронавирусот и 27 од нив веќе се тестираат на луѓе. За вакцините да стигнат во фаза на тестирање на луѓе обично се потребни години истражувања и други тестови, но во овој случај научниците брзаат да произведат безбедна и ефективна вакцина до следната година.  Работата на вакцините почна во јануари со дешифрирањето на геномот на коронавирусот, објави СДК.МК.

Од генетските вакцини, кои што користат еден или повеќе гени на коронавирусот за да испровоцираат одговор од имуниот систем, најдалеку е стигната вакцината на американската компанија „Модерна“. Во партнерство со Националните здравствените институти, вакцината на „Модерна“ се покажа како успешна по тестовите на мајмуни. Вакцината е стигната до третата фаза, која што е последна пред добивање одобрение од регулаторните тела. Во третата фаза, вакцината на „Модерна“ се тестира на 30.000 доброволци од 89 места во САД.

Од вакцините со вирален вектор, кои што користат вирус да внесат гени на коронавирусот во клетките за да испровоцираат одговор на имуниот систем, најдалеку со развојот е вакцината на британско-шведската компанија „АстраЗенека“ и универзитетот „Оксфорд“. Таа е базирана на аденовирус присутен кај шимпанза и тестовите на мајмуни беа успешни. Вакцината сега е во комбинирана втора/трета фаза на тестови во Англија и Индија и во трета фаза во Бразил и Јужна Африка. Проектот може да донесе вакцина за итна употреба до октомври.

Од вакцините базирани на протеини, во втора фаза тестови е вакцината на кинеската компанија „Анхуи Џифеи Лонком“. Компанијата ја развива вакцината во соработка со Кинеската академија на медицински науки.

Текстот во целост на: објави СДК.МК.