Никола од Германија: Во моментов се чувствувам толку гордо, што Македонија и целиот Балкан, здравјето на своите граѓани го става пред сите финансиски бенефити

Да ми кажеше некој дека во мојот живот ќе помислам, а да не зборувам дека ќе го напишам следново, мислам дека слатко би му се изнасмеал во лице.  Но, како велат во животот никогаш не се смеј на работите, затоа што најчесто она на кое што се смееш ти се враќа на глава.

Во моментов, додека ни се случува општ хаос и паника, стојам и потпишувам, по моето скромно мислење, дека Македонија спроведува понавремени и подобри мерки од големите држави, меѓу кои и онаа во која живеам – Германија, објави crnobelo.com.

-Не знам како ќе ме разберете, но во моментов се чувствувам толку гордо, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкан, затоа што здравјето на своите граѓани го става пред сите финансиски бенефити, жртвувајќи ја и така пропаднатата економија. Ова не е политичка дебатa за тоа колку нашиот систем е (не)опремен или (не)способен да се носи со криза, ако истата ескалира. Но, факт е дека во една Германија која може да си дозволи многу повеќе отколку нас самите, работите се сосема поинакви. Не од опрема и спремност, туку од човечки вредности.

Имам чувство како нивната цел во време на криза е испробување граници, жртвувајќи човечки животи, сè со цел да нема финансиска загуба. Да не речам, парите се ставени пред човекот, што кога ќе погледнам по вторпат, како човек ме тера да се чувствувам дека светот навистина изгубил смисла за вредности!

Во моментот додека го пишувам ова Германија има скоро 6000 заразени, додека Македонија само 18. Јас чекам колега од работа да каже дали бил позитивен за да се проверам и јас самиот додека по своја иницијатива останав во домашен карантин. Сето ова како резултат на негрижа од негов другар кој и покрај сите известувања сокрил дека патувал во забранетите зони, контактирал со десетици луѓе, а потоа бил потврден позитивен на тестот, објави crnobelo.com.

 

Текстот во целост на: crnobelo.com.

фото: crnobelo.com.