Нови 136 заболени, повеќе од полoвина се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино -1. Според бројот на тестови, евидентирани се 11,3 проценти на новозаболени, додека вчера беа 8,6 проценти.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 2667, активни 1785
•       Куманово 709, активни 254
•       Дебар 83, активни 31
•       Штип 277, активни 186
•       Прилеп 238, активни 19
•       Тетово 582, активни 338
•       Струга 182, активни 102
•       Велес 172, активни 32
•       Битола 43, активни 14
•       Охрид 124, активни 104
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 92, активни 53
•       Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 13, активни 9
•       Крива Паланка 12, активни 6
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 62, активни 27
•       Пробиштип 13, активни 9
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 17, активни 15
•       Кичево 10, активни 6
•       Ресен 73, активни 72
•       Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1208  теста се преку: ИЈЗ –506, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –102, Биотек –108, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -205, Судска медицина-6 и Систина  со PCR метода -171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.