Новинар од Лабуништа ја изгуби битката со корона вирусот

44 годишниот Беким Бајрамоски за кого смртта беше соопштена вчера, воедно е и првиот медиумски работник во земјава кој почина од коронавирусот, работејќи во локалната телевизија Спектра во Лабуништа, објави Алсат М.

„Заразен е во Лабуништа од средината, од околината. Според тие контакти кои ги имаме сè се тоа луѓе кои се семејно поврзани коишто биле на најразлични настани или не биле, тоа не е нашиот интерес…“, рече Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид додаваат дека и понатаму имаат проблеми со многу жители кои ги кријат симптомите или кои не кажуваат со кого контактирале. Поради тоа, бараат помош од полицијата.

Текстот во целост на: Алсат М.