Пановски со апел до вакцинираните со една доза, за влегувањето во кафеаните од утре

Микробиологот Никола Пановски упати апел до сите кои се вакцинирани со една доза, од утре да не одат во кафеани.

„Почитувани жители на Македонија, вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале ковид. Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате. Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност. Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени“, напиша Пановски.