PCV 13 е коњугирана вакцина: Што спречува, кој треба да ја аплицира

PCV 13 е коњугирана вакцина која содржи 13 типови пневмококи ((1, 3, 4, 5, 6A, 6B, 7F, 9V, 14, 18C, 19A, 19F и 23F). Може да се дава кај деца и возрасни.

Што треба да се знае ?
Постојат 90 различни типови на пневмококи кои предизвикуваат различни инфекции кои може да варираат од : инфекции на нос, средно уво до пневмонија.Пневмококот може да предизвика и менингитис и сепса како најсериозна животозагрозувачка состојба предизвикана од бакетрија Streptococcus pneumonia.
Пневмококната вакцина во САД е задолжителна од 2000 год, и во многу европски земји и Англија од 2006 год.

Како се пренесува пневмококната болест ?
Инфекцијата се пренесува преку контакт со заболено лице или е бактерионосител, кашлање, кивање или допир на контаминирани предмети а потоа внес во организмот преку уста или нос.Затоа преносот на инфекција е доста лесен во детските колективи.

Како се лечи пневмококната болест?
Со пеницилински антибиотици како избор за инвазивна пневмококна инфекција. Но последниве години се соочуваме со пораст на резистентност кон бета лактамски антибиотици и се почести во пракса се високо резистентни соеви на пневмококи, на пеницилински антибиотици.Тоа придонесува и за почеста хоспитализација и интравенска примена на антибиотици за третман на инфекцијата.

Имуногеноста на Превенар 13 е докажана кај возрасни од 18 год и постари лица. Се дава една еднократна доза ,со интрамускулна апликација.

Превенар 13 може да се даде истовремено со сезонска вакцина за грип, на различно место препорачани за инјектирање.
Употреба на Превенар 13 треба да се избегнува во тек на бременост.

Каде можам да се вакцинирам ?
Центар за Јавно здравје отсек имунизација.