Почина 21-годишно момче како последица на коронавирусот

Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од Ковид-19, во тетовската болница, во изминатите 24 часа.

-Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе, информира координаторот во Ковид центарот, Газим Нуредини.

За 24 часа преглед или контрола во амбулантата на Ковид центарот побарале 188 луѓе.