Почина уште еден медиумски работник како последица од коронавирус

Снимател и камерман од албанската редакција во Македонската радио-телевизија (МРТ) почина од коронавирусот.

Шелон Ахмети почина на 51-годишна возраст.Тој е втор медиумски работник кој ја загуби битката со ковид-19.

Пред еден месец по кратко боледување почина и 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшкото село Лабуништа, кој работеше во локалната струшка телевизија „Спектра“.