Пратеникот од ДУИ Арбен Зибери кој е позитивен на Ковид19, вчера во тешка состојба, бил хoспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, јавуваат повеќе медиуми.
Зибери е поранешен в.д. директор на Центарот за јавно здравје Скопје.
Арбен Зибери доби позитивен резултат од тестот за КОВИД 19 вечерта кога се гласаше новата влада. Заради новата ситуација тој гласаше во посебни услови, а веста уште вечерта ја потврди претседателот на Собранието, Талат Џафери, при ставање на гласање на предлогот за новата Влада.