Професорот Спироски за присутната имуност кон коронавирусот кај луѓето

Пишува: Мирко Живков Спироски македонски физиолог и генетичар, редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет:

Последниве денови многу често погрешно се користат поимите од имунологија за КОВИД-19. Накусо, постојат вродена имуност, стекната имуност (наречувана и активна или природна) и вакцинална имуност кон САРС-КоВ-2 инфекцијата. Тие поими треба внимателно и прецизно да се употребуваат од докторите, од останатиот медицински персонал и од медиумите за да не настане конфузија во фактите кои се поврзуваат со овие три механизми.