Разбирам страв и чувство на немоќ, но не и купување 20 млека, 500 смоки, 5 пакети тоалетна, пишува Туфегџиќ

Пратеничката Ивана Туфегџиќ на социјалните мрежи побара на разумност од граѓаните, посебно кога станува збор за купување на куп производи за правење залихи во домовите. Таа вели дека го разбира чувството на немоќ, но на тоа, одговор не може да биде празнење на маркетите.

„Разбирам страв, чувство на немоќ, ама не разбирам купување 20 млека, 500 смоки, лебови, 100 антибактериски средства, 5 пакети тоалетна(мора да ја најдам конекцијата до крај на пандемијава меѓу луѓе, криза и тоалетна). И во случај на целосен карантин ќе има храна и ќе биде дозволено еден да излегува по намирници(видете Дебар). Вака само ќе направите да мора да има ограничување и на луѓе и на број на купени продукти по човек. Да бидеме разумни, одговор на немоќта не е купувањето на пола маркет!“, пишува Туфегџиќ.

https://www.facebook.com/ivana.tufegdzik/posts/2597581673704700