Синдромот на згрутчување на крвта од вакцината „Астра зенека“ има висок степен на смртност, иако е редок

Синдромот на згрутчување на крвта кој се појавува по првата доза од вакцината „Астра зенека“ е екстремно редок, но има висок степен на смртност. Се појавува кај млади, здрави луѓе откриле научниците во Велика Британија.

Кај оне помлади од 50 години, синдромот се појавува кај едно лице меѓу 50 илјади што ја примиле вакцината покажале анализите.

Истражувачите испитувале 220 случаи на потврдени или сомнителни случаи кои се појавиле во болниците во Велика Британија во периодот од 22.март до 6.јуни.

„Мора да се потенцира дека ваквата реакција на вакцината „Астра зенека“ е многу ретка, но за оне кај кои ќе се појави може да биде уништувачка. Најчесто ги погодува младите, здрави луѓе и има висока смртност“ – вели докторката Сју Паворд, хематолот на Универзитетот Оксфорд.

Научниците дошле до заклучок дека кај 23 проценти од анализираните случаи имало смртен исход.

Иако имаше извештаи за неколку случаи со згрутчување на крвта поврзани со вакцината „Фазјер“, истрачувачите потврдуваат дека синдромот е поврзан исклучиво со вакцината „астра зенека“