Ако до пред пола месец имаше низа слободни термини за ковид тестирање, сега се чека и со недели. Голем дел од граѓаните одат да се проверуваат и по приватни лаборатории, а плаќаат од 1500 до 2500 денари по човек за да добијат резултати. Токму ова беше и причина за реакција на матичниот доктор, специјалистот Ненад Лазаров.
„Се одраа луѓето од тестови плаќање, некој треба дебело да одговара за ова. Недозволиво е што државата не обезбеди барем брзи антигенски тестови кај матичен лекар, свесно и целно не правите телефонски администратори и бајачи,а можеме многу повеќе од тоа“, напиша Лазаров.