Со недели се чека за тестирање за ковид, Лазаров бара државата да обезбеди брзи антигенски тестови за матичните

Ако до пред пола месец имаше низа слободни термини за ковид тестирање, сега се чека и со недели. Голем дел од граѓаните одат да се проверуваат и по приватни лаборатории, а плаќаат од 1500 до 2500 денари по човек за да добијат резултати. Токму ова беше и причина за реакција на матичниот доктор, специјалистот Ненад Лазаров.

„Се одраа луѓето од тестови плаќање, некој треба дебело да одговара за ова. Недозволиво е што државата не обезбеди барем брзи антигенски тестови кај матичен лекар, свесно и целно не правите телефонски администратори и бајачи,а можеме многу повеќе од тоа“, напиша Лазаров.