Спасовски го објави резултатот од коронавирусот и останува во самоизолација

Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека неговиот тест за коронавирус е негативен, а тој немал симптоми. Тој кажа дека ќе остане дома додека да добие официјални препораки од епидемиолозите согласно неговите контакти кои ги остварил изминатиот период.

„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација. На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени“, објави Спасовски.

фото: Архива