Утрврдена цената на лекот ремдесивир, еве колку ќе чини

Компанијата Gilead Sciences Inc одлучи цената на лекот ремдесивир, за лекување на заболени од Ковид-19, да биде 390 долари за шише, во развиените земји, соопшти извршниот директор Даниел О’Деј.

Како што пренесува Си-ен-ен, ако се земе предвид дека лекувањето просечно трае пет дена, износот кој пациентот би требало да го плати за овој лек е 2.340 долари.

Според извршниот директор О’Деј, компанијата почнала преговори со производителите на генерички лекови за да се обезбеди сите земји во светот да имаат пристап до овој лек.

Европскиот регулатор на 25 јуни условно ја одобриупотребата на антивирусниот лек ремдесивир за лекување на заболени од коронавирус, што е прв лек кој добил препорака во Европа.

фото: Архива