(ВИДЕО) Љубов во доба на корона: Матичарка во Русија стоејќи на дигалка венча вљубен пар на тераса

На социјалните мрежи се појави снимка од необична свадба во Краснодар.

Под снимката се наведува дека парот се венчал во една од станбените згради на комуналното претпријатие „Московски”.

Тука се гледа како матичарката на дигалка се крева до заедничка тераса на вториот кат на зградата и ги венчава младоженецот и невестата кои се наоѓаат таму. Младите притоа носат заштитни маси, додека сведоците на терасата, поради некоја причина, немаат.

ИЗВОР: https://mk.rbth.com/