ВИДЕО: Со конвој возила, граѓани дојдени од други држави се донесени во Охрид за во групен карантин

Во Охрид предмалку пристигна конвој од  десетици  возила со регистарски таблици од повеќе градови од земјава и автобус, придружувани од медицински персонал,a следени од МВР.

Покрај овие во охрид пристигнуваат уште неколку други автобуси со лица од странство

Крајна дестинација на овој конвој е одморалиштето на МВР, каде ќе се сместат овие лица.

Неофицијално станува збор за лица кои во земјават пристигнале со хуманитарен лет, по што мора да бидат во карантин од 14 дена.

Инаку Владата на вчерашната седница ја донесе Уредбата со која законски се овозможува лицата да се ставаат во строга изолација (карантин) и во угостителските објекти (хотели, мотели), отстапени од приватните правни лица, сопственици на објектите.  За објектите утврдени во оваа уредба со законска сила се утврдуваат режимите за обезбедување, посебните простории за лицата кои покажуваат симптоми на вирусот, критериумите за исхрана, доставата на пратки (пакети) за потребите на лицата на кои им е определено мерка строга изолација (карантин), мерките за дезинфекција, работата на персоналот или волонтерите, собирањето смет и други потребни технички работи.

Превозот на лицата на кои им е определена строга изолација (карантин), од граничните премини до објектите ќе се одвива во два термина: во 10:00 и во 20:00 часот, а од аеродромите од моментот на слетување.

Превозот на лицата го обезбедува Генералниот секретаријат на Владата.

фото и видео: Скопје 1