(ВИДЕО) Влошена е состојбата на родилката од Куманово, бебето негативно на КОВИД 19

Влошена е состојбата на родилката од Куманово заразена со Ковид 19,истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Таа се уште е респираторно самостојна, меѓутоа е со значително полоша клиничка слика“, рече министерот.

Филипче потенцираше дека родилката која има 27 години се породи на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и дека бебето е негативно на  корона вирусот.

Минситерот на денешната прес конференција кажа дека на клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, едно лице од техничкиот персонал, кажал дека има заболени во неговото семејство, не потврдени за коронавирусот. Утре сите ќе бидат тестирани, како и неговите колеги. истакна Филипче.

Филипче на денешната прес конференција ја кажа и состојбата во земјава со корона вирус.

-Имаме пет починати пацинети на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

На Инфективната клиника во изминавие 24 часа се примени 4 пациенти, во моментов се хоспитализирани вкупно 67 пациенти, од кои 6 се на машина за дишење, 12 се со потешка клиничка слика, има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово, таа се уште е респираторно независна, но значајно потешка клиничка слика, интензивно се прати нејзината состојба- рече Филипче.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

 

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/238932343966767/?v=238932343966767&notif_id=1586271442496173&notif_t=live_video