Во лабораториите на Институтот за јавно здравје досега се направени 258 тестови за КОВИД 19

Превентивната активност на ИЈЗ се огледува во спроведубање на епидемиолошки надзор кој е поврзан со подготвеноста за спречување на влегување на вирусот, теренска активност и дијагностика на случаеви кај кои треба да се испита присутност на вирусот.

Лабораторијата за вирусологија при Институтот е единствената национална референтна и СЗО акредитирана лабораторија за детекција на респираторни вируси, вклучително и новиот САРС-КоВ-2.

Во лабораториите ен ИЈЗРСМ досега се направени 258 тестови за КОВИД 19 и бројките на позитивните и секакои на негативните се трасверираат до Владата на РСМ

Реагенси има и ќе има за тоа нема потреба од загриженост кај граганите

ИЈЗ  изготвуви информативен едукативен материјал-пропагандни флаери, постери и флаери за патници од меѓународен сообраќај како Аеродром и Табановце) кои се подготвени на три јазика- македонски, албански и англиски.

Учестваме  во комисијата на заразни болести каде се донесуваат клучни факти, препораки, упаства и наредби.

Со цел едукација и информирање на населението испечатени се 15.000 флајери, 200 постери и 200 постери за правилно миење на раци кои беа дистрибуирани во Клинички центар, здравствените домови и центрите за јавно здравје.

Епидемиолошка служба направи едукативни предавања во сите центри на јавно здравје и болници низ државата со цел запознавање со корона вирус.

Епидемиолозите на ИЈЗ се достапни 24 часа на телефонските линии објавени и достапни до сите граѓани

Исто така се изготвени упаства за постапки како да се постапи со заразени лица и лица сомнителни на корона (Алгоритми)

Алгоритми за постапки наменети за лица кои доаѓат од странство т.е како да постапат со корона вирус

До затворање на Аеродромот во изминатите  2 месеца екипи на Институтот и на Центарот за јавно здравје Скопје обезбедува помош на аеродромот во Скопје поврзан со контрола на патници кои доаѓат преку летови од држави нотирани како високоризични од СЗО (Кина, Италија и др) Дежурства беа спроведени во три смени од 06:00 до 24:00

Лицата од Институтот од епидемиологија земаа брисеви од нос и грло на патници од меѓународен  сообраќај кои доаѓаа од високо ризични земји, и брисеви ги донесуваа во лабораторија на вирусологија.

ИЈЗ во соработка со ДСЗИ и МЗ активно соработуваа во изготвување на алгоритми и документи поврзани со работа на институциите (Банки, пошти, наплатни центри, ЕВН, А1, Телеком) за давање насоки поврзани со дистрибуција на готовина, хартии од вредност, фактури, платени сметки)

Изготвен документ за постапки со цел дистрибуција на хранливи артикли и други материјални добра од места кои се ставени во изолација и постојан епидемиолошки надзор.

Изготвен е документ за постапки во производство, погони и фабрики.

Документ каде работат наши лица за постапки при работниот процес поврзани со дистанцирање меѓувработените, носење на заштитна опрема и постапка при евентуални позитивни случаеви.

Се изготвува Дата база т.е софтверско решение со посебна датотека на сите позитивни случаеви во државата, со сите географски, демографски, лабораториски контакти меѓу позитивни лица и место на нивниот третман со кој ќе се направи увид во моментална состојба

Епидемиологот на ИЈЗ во моментот е председател на Комисија за заразни болести.

фото: Институтот за јавно здравје на РСМ