Забрана за прослави во цела држава?!

Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено во сите градови во државата. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица.

Ова се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести и министерот Филипче ги договориле на утринската координација и ги предлагаат на Главниот кроординативен кризен штаб.

Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за Телма министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.

Дневните билтени на нови позитивни со денови  кажуваат дека вирусот забрзано се шири. Ако пред еден месец броевме по пет нови позитивни, денеска има  378 нови. Бројот пак на активни случаи стигна до 1.618. Најкритиччно е во Тетово и Скопје. Р