Забранет влез во „Сити мол“, „Рамстор мол“, „Капитол“ за невакцинираните граѓани – одлука донесе Владата

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови ќе треба сертификати за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Но, посочи и дека оваа мерка ќе се применува и за затворените молови како што се „Сити мол“, „Капитол“, „Рамстор мол“.

„Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите, велат од Владата.

За влез во овие објекти потребно е: – сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

https://skopje1.mk/archives/134304