Затворени угостителски објекти во Тетово, поради непочитување на мерките на Владата

Денеска (17.03.2020) во периодот од 12 до 15 часот Државниот пазарен инспекторат со асистенција на СВР Тетово постапуваа поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19. Од страна на ДПИ затворен е угостителски објект на ул. Браќа Миладинови во Тетово и две кафетерии во тетовски Пирок. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат.

фото: Архива