Зет на починатата стружанка: Не можеше да дише, но преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест

Не можеше да дише, но преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на корона, тврди Али Теља за ТВ Телма кој е зет на починатата жена од Струга.

66 годишната Немљуне Ибраими во четвртокот била однесена во болницара во Охрид со приоритетен упат од нејзиниот матичен лекар, објави ТВ Телма.

Но според нејзиниот зет, таму им рекле дека ќе ја примат само кога ќе ги видат резултатите од позитивниот тест.

Извор: Телма