Поради новиот вид на коронавирусот омикрон, Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ предложил листа на земји кои се со посебен ризик од ширење на вирусот, дознава српски „Телеграф“.
На листата се Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Мозамбик и Малави.
Предлогот е патниците кои доаѓаат од овие земји или престојувале во нив во претходните 14 дена, без разлика од која земја влегуваат во Србија, веднаш по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“ да се тестираат со PCR- метода и да останат во простор и изолација на аеродромот додека не се добијат резултатите.
Во случај на позитивен наод, брзата помош со изолација со сите заштитни мерки ги носи во ковид-болницата „Батајница“.
Според српски „Телеграф“, новите мерки ќе почнат да важат од утре.