Беќаровски смета дека новиот сој на коронавирус нема да биде причина за паника

Доктор Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил објави свое мислење за развојот на новиот сој на Ковид-19, омикрон, кој создаде паника ширум светот.

“На 33 дена пред Новата 2022 година да си ја кажам мојата новогодишна желба и прогноза: “Омикрончето кое деновиве прави макро паника, до 1 јануари да/ќе се претвори во вистинско микронче (позаразно, ама О или микро летално). Да си го оправда името”.

Секој ден се повеќе верувам дека желбава ќе ми се оствари“, пишува тој.