Доктор Мехмедовиќ за „Фокус“: Никој не може со сигурност да каже дека со омикрон ќе заврши пандемијата

Доктор Злате Мехмедовиќ од ковид центарот на интерните клиники вели дека во моментот неконтролираното ширење на новата варијанта омикрон значи исклучително многу можности за мутација на вирусот и создавање на нови варијанти.

„Се уште постои емпириска можност за функционално „унапредување“ на САРС-Ков2 и никој не може со сигурност да каже дека тоа нема да се случи, односно дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.

Мислам дека сериозен проблем преставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати“, објаснува доктор Мехмедовиќ за „Фокус“.

Според него, повеќето луѓе ги поминале последните две години борејќи се да го избегнат Ковид-19, а сега некој ги потикнува да го направат спротивното.

Извор/Фокус Фото/Фејсбук