Во Хрватска 5.502 новозаразени со корона, починале 51 лице

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 5.502 случаи на заразени со корона вирусот, а починале 51 лице.

Бројот на активни случаи е вкупно 34.553, хоспитализирани се 2.506 пациенти, а на респиратор се 324.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 599.977 лица заразени со коронавирус, од кои 10.695 починале, вкупно 554.729 оздравени, од кои 5.629 во последните 24 часа, објави порталот Индекс.

Националниот штаб за цивилна заштита донесе одлука да го ограничи преминувањето на државната граница за сите кои доаѓаат од подрачјето на Јужна Африка, со оглед на појавата на нова варијанта на корона вирусот.