Ако е скапо да се тестираат сите 240.000 ученици, тогаш барем оние со респираторни симптоми, изјави во интервју за Сител, доктор Драган Даниловски.
Вели дека скринингот на случајно избрани ученици нема да спречи ширење на инфекцијата дури и ако да е секоја недела ниту пак тоа е против епидемиска мерка.
„Со еднократен скрининг само на случаен примерок 40.000 ученици, значи секое 6-то дете од вкупно 240.000 ученици или 5 деца во клас од 30 ученици. Ќе се добие само груб увид во моментралната состојба зошто еднократен скрининг не е против епидемиска мерка уште помалку епидемиска мерка е скрининг само на мал дел од сите ученици“, вели Даниловски за ТВ Сител.