Зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години, вели Стевчева

Третата бустер доза на вакцина против Ковид подобро ако е различна од првите две заради подобар имунолошки одговор на организмот иако може да биде и од истата, објаснува за ТВ24, проф. др Лилјана Стевчева, имунолог со над 20 годишно искуство во САД, во областа на имуниот одговор кон вирусите и вирусните вакцини.

Сепак, др. Стевчева вели-нејасно е зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години.

Заклучно со 7 ноември вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, втора доза примиле 780.456, а трета 43.376 граѓани.