Има храна која дава енергија, тогаш кога ви е најпотребна

Ако често ви се случува да сте уморни пред крајот на денот, а се уште имате многу планирани обврски кои треба да ги извршите, немојте веднаш да посегнувате по енергетските пијалаци, туку помогнете си себеси со правилна исхрана.

1. Бадеми

Бадемите содржат витамин Б7, познат како биотин, кој одлично му помага на телото во претворање на храната во енергија. За инстант подигање на енергијата се советува консумација на една рака бадеми.

2. Говедско (Органско)

Говедското е одличен извор на железо, поради што го отстранува чувството на умор, бидејќи нашето тело го користи на тој начин да задржи повеќе кислород и побргу да го доведе до сите клетки во телото, па така го користи за создавање на енергија.

3. Овесни снегулки

Овесните снегулки се одличен додаток на јогуртот, со кој ќе се добие уште поголем ефект во добивањето на повеќе енергија. Овој оброк содржи три елементи за подигање на енергија: Калиум, влакна и протеини, а само една порција може да ве засити и да ве подготви за дневните предизвици.

4. Јајца

Јајцата ќе ги задоволат основните дневни нутритивни потреби за протеини, јод и витамини Б6 и Б12. Здрави се и полни со енергија, се советува дека во текот на денот кога ќе почувствувате потреба за нова доза на енергија, многу е подобро да изедете едно зготвено јајце, отколку да посегнете по второ кафе.

5. Пилешко

Пилешкото месо е совршен извор на коензими, чија улога е помош при производството на енергија во телото и многу е важно за здравјето на сите витални органи.

6. Спанаќ

Само мала количина на спанаќ ќе ви обезбеди доволно магнезиум и минерал, кој ви е потребен вашето тело да ја произведе посакуваната количина на енергија.