Правило важно за да имате супер линија на телото

Доколку не ви е јасно за што точно станува збор, се работи за правило според кое 80 отсто од времето се храните здраво, додека останатите 20 отсто си дозволувате и консумација на нездрави продукти.

На тој начин експертите ова правило воопшто не го сметаат за некој вид на диета, туку животна промена која ни обезбедува слабеење и вита линија.

Ова правило не е толку ригорозно како диета, туку луѓето ги учи на баланс и умереност, а токму бидејќи не се забранува јадење на нездрава исхрана во потполност, луѓето многу повеќе почнуваат да го практикуваат.

Кога го применувате правилото 80/20, тоа ви дозволува и понатаму да бидете друштвени, па слободно можете да одите со пријателите на вечера или да се напиете нешто алкохолно, како и тоа да јадете нешто благо без никаква грижа на совест.

„Не можете 100 проценти од времето да се храните здраво, но можете 80“, открива Јуми Ли, тренер на славни личност, меѓу чии клиенти се наоѓа и актерката Џесика Алба.

Таа за што поуспешно придржување до овој план советува повеќе мали и здрави оброци во текот на денот.